По бронзата на „Златен појас“ Ѓорги Петров (Партизан-Кочани) се надева на медал и на младинската Премиер лига во Софија

Каратистот на Партизан од Кочани, Ѓорги Петров, освои бронзен медал на Меѓународниот турнир „Златен појас 2018“ што се одржа изминатиов викенд во Чачак, Србија.

Петров медалот го освои во категоријата до 57 килограми во кадетска конкуренција. Како што вели Петров учеството на турнирот е по покана на тренерот на кадетската репрезентација на Македонија, Александар Кузмановски, при што каратистите настапија во својство на репрезентативци.

„Во силна конкуренција имав три борби и го освоив бронзениот медал. Ова е голем успех за мене. Сега се подготвувам за турнирот на младинската Премиер лига во Софија кој е од квалификациски карактер за младинските Олимписки игри во Буенос Аирес, Аргентина во септември, и се надевам на успех, односно освојување на медал“, изјави Ѓорѓи Петров.

Вториот каратист на Партизан – Кочани, Кристијан Грозданов (-52 кг) во конкуренција на 26 натпреварувачи стигна до третото коло.

Најмладите каратистите на кочанскиот клуб денеска ќе отпатуваат за Белград на Балканското првенство за деца.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...