Шпекулации: Усик нема да се бори со Гасиев, Зауерланд негира

Во руските медиуми се проширија гласини дека Александар Усик (Украина) нема да излезе против Мурат Гасиев (Русија) во мечот за апсолутната светска титула во полутешка категорија и за трофејот „Мухамед Али“. Дуелот е во сабота вечер.

„Гласините за Усик се глупост. Сите прашања околу средбата се дозволени. Самиот Усик најави дека сака да го освои првиот трофеј „Мухамед Али“. Пред еден месец рече дека за него нема разлика каде ќе се одржи финалето. Се сретнав со боксерите. И двајцата се убедени во своите сили. Тие се големи боксери. имаат ретка можност да испишат историја. За нивниот меч ќе се зборува со години“, изјави Кале Зауерланд.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...