Шидокан доџо од Охрид освои 12 медали на „Шисеикан“ во Софија (ФОТО)

Шидокан доџо од Охрид освои 12 медали – 4 златни, 4 сребрени и 4 бронзени на Интернационалниот клупски карате турнир „Шисеикан“ што се одржа изминатиот викенд во Софија, Бугарија.

На турнирот учествуваа 13 клубови.

Медалите ги освоија Крсте Ѓорчески – три златни во јуниори до 18 години, во кумите, ката и ИЈКА ката, каде што имаше целосна доминација.

Наум Калачоски во сениори над 18 години освои злато во ИЈКА кати, сребро во шотокан кати и сребро во борби.

Стефан Ѓорчески освои сребро во борби и сребро во кати во категорија пионери до 13 години.

Бронзи освоија Бранимир Смилкоски во сениори во кумите, Јасмин Мустафоски во сениори кумите, Ахмед Бичак во јуниори до 18 години во борби и во кати до 18 години.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...