Шестмина каратисти на Премиер лигата во Токио

Македонија настапува со шест каратисти на Карате 1 Премиер лигата во Токио, Јапонија.

 Честа на македонското карате ќе ја бранат Емил Павлов, Петар Заборски, Берат Јакупи, Петар Спасеновски, Жарко Арсовски и Пуликсенија Јованоска.

На овој турнир настапуваат 649 натпреварувачи од 337 клуба во светот, односно 79 држави.

Натпреварите почнуваат утре и ќе трајат до недела.

print