Шампион е најуспешен на Државното првенство, тренерот Дејан Митровски бара потврда на меѓународната сцена

Кикбоксерите на Шампион од Скопје беа најуспешни на Државното првенство во кик бокс изминатиов викенд со 19 освоени медали (9 златни, 7 сребрени и 3 бронзени), а Викторија Варадинова до двата златни медали е најуспеша.

Кикбоксерите на Шампион настапија со 19 натпреварувачи и освоија исто толку медали. Скорот на овој клуб ќе беше поголем ако настапеше и Хадис Рамадани.

За разлика од другите натпреварувачи Бобан Илиоски го освои златниот медал во најтешката и најатрактиваната дисциплина – К-1.

Тренерот екипата, Дејан Митровски – Урко, вели дека натпреварувачите ги исполниле неговите очекувања, но дека можело и подобро. Тој нагласува дека нивните медали ќе добијат вистинската вредност кога ќе ги потврдат на меѓународната сцена, како на Балканско, Европско и Светско првенство.

Резултати:

лоу кик

  1. Енес Азири -54кг помлад јуниор – златен медал
  2. Марко Тодоров -54кг помлад  јуниор – сребрен медал
  3. Даниел Наневски -67кг сениор – сребрен медал
  4. Емили Младеновска -50кг помлад јуниор –  златен  медал
  5. Викторија Варадинова -60кг помлад јуниор  –  златен  медал

К1

  1. Бобан Илиоски -81кг сениор –  златен  медал

кик лајт

  1. Филип Хазировиќ -30кг деца  – сребрен медал
  2. Туркер Исмаил -32кг помлад кадет – златен медал
  3. Петар Милошевски -37кг помлад кадет – бронзен медал
  4. Нелсон Узеири +47кг помлад кадет – златен медал
  5. Ледон Рамадани +47кг постар кадет – сребрен медал
  6. Кадри Џемаили -57кг постар кадет – златен медал
  7. Никола Петровски -57кг постар кадет   – сребрен медал
  8. Александар Мирчевски -69кг постар кадет   – сребрен медал
  9. Леонид Павловски -69кг постар кадет   – бронзен медал
  10. Марта Митровск -46кг постар кадет – златен медал
  11. Викторија Варадинва -60кг јуниор – златен медал
  12. Мартин Андонов -69кг сениор – бронзен медал

   13. Мимоза Стефановска -60кг сениор – сребрен медал

 

print

Можеби ќе ви се допадне...