Шампион е најуспешен на Државното кик бокс превнство пред Будо-Кавадарци и Тим Зоран (ФОТО)

За најуспешен кик боксинг клуб на првото Државното првенство во кик бокс во 2018 година за сите возрасни категории на татами и во ринг е прогласен Шампион од Скопје со вкупно освоени 19 медали – 9 златни, 7 сребрени и 3 борнзени.

Веднаш зад него се Будо – Кавадарци со 14 медали (8 – 5 – 1) и Тим Зоран – Струмица 13 (5 – 4 – 4).

Првенството се одржа во сабота во Скопје во Автокоманда со учество на 177 натпреварувачи од 24 клубови. Од КБФМ нагласуваат дека натпреварувањето се одвивало во одлична спортска атмосфера и добра организација од страна на Федерацијата.

Во склоп на првенството се одржа и подготвителен судиски семинар за судиите на татами и ринг.

Вкупно освоени медали по клубови

1.КБК Шампион – Скопје 19  (9 златни, 7 сребрени и  3 бронзени)
2.КБК Будо – Кавадарци 14 (8 – 5 – 1)
3.КБК Тим Зоран – Струмица 13 (5 – 4 – 4)
4.КБК Гладијатор – Скопје 11 (4 – 2 – 5)
5.КБК Фајт тим – Скопје 10 (8 – 2 – 0)
6.КБК Сенсеи – Гостивар 10 (1 – 5 – 4)
7.КБК Лидер – Виница 9 (3 – 1 – 5)
8.КБК Гладијатор – Штип 9 (1 – 3 – 5)
9.КБК Прокиќ фемили – Скопје 8 (5  -3 – 0)
10.КБК Гладијатор – Неготино 7 3 1 2 6
11.КБК Енерџи – Битола 6 (2 – 3 – 1)
12.КБК Будо – Велес 5 (1 – 1 – 3)
13.КБК Наско тим – Скопје 4 (2 – 0 – 2)
14.КБК Д-Џим – Штип 4 (0 – 1 – 3)
15.КБК Максам фајт – Прилеп 4 ( 0 – 1 – 3)
16.КБК Тетова – Тетово 3 (1 – 1 – 1)
17.КБК АС – Делчево 3 (0 – 1 – 2)
18.КБК Патриот – Крива Паланка 2 (1 – 0 – 1)
19.КБК Аждер – Гевгелија 2 (1 – 0  – 1)
20.КБК Комбат – Радовиш 2 (0 – 1 – 1)
21.КБК Каринг – Скопје 1 (1 – 0 – 0)
22.КБК Работнички – Скопје 1 (1 – 0 – 0)

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...