Шампион во тешка категорија потпиша за УФЦ

28-годишниот поранешен шампион во тешка категорија на „Иглс“, Александар Романов, потпиша договор со УФЦ.

„Кинг Конг“ е тестиран од УСАДА и Арон Бронстетер вели дека талентот на Молдавија ќе се бори под знамето на организацијата. Романов има скор 11-1 во ММА и е во серија од 11 последователни победи. ММА дебито гонаправи во 2011 година и загуби со нокаут од Евгениј Матасов, а потоа беше неактивен 5 години.

Александар се врати во 2016 година со нокаут за 50 секунди над Јуриј Протзенко и во следните 3 години забележа 11 последователни победи во нокаут, повеќето од нив во првата рунда. Во февруари годинава го нокаутира Серхио Фреитас, го нокаутира во првата рунда од Иглс фајтинг чемпионшип 11. Најголем дел од неговите борби се под закрила на ИФЦ, каде што успеа да ја освои титулата.

View this post on Instagram

Меньше слов, больше дел…

A post shared by Alexandr Romanov(Романов) (@alexandr_romanov_comrat) on

print