Шампионот Мартин Митиќ по стапките на светскиот првак Димитар Ѓоргиев

 

Младите кикбоксери од Гладијатор од Неготино покажуваат дека има наследници на трикартниот светски  првак Димитар Ѓеоргиев, а во последно време тоа го демонстрира Мартин Матиќ кој викендов стана шампион на Македонија во кик  лјат до 89 килограми.

За шампионската титула вели:

„Па вака, за да освоиш прво место треба имаш добри тренинзи, а јас тренирам редовно и се разбира дека не  беше едноставно да се освои златен медал од толку многу борци. Се борев во полуфинале и финале на Државното првенство“.

Матиќ најваува дека годинава планира да настапи на Балкан опен 2018 во Тешањ, Босна и Херцеговина, каде што минатата година станал балкански првак, како и на сите државни првенства.

Матиќ веќе две години тренира во Гладијатор, а веќе година ипол прави успеси.

print

Можеби ќе ви се допадне...