Шабан Трстена: Ова мало парче земја, Македонија, е поголемо и од една Кина и од Индија (ФОТО)

55 borenje Trstena na govornica

„Ова мало праче земја, Македонија, е поголемо и од една Кина и од една Индија со милијарди жители, затоа што тие немаат олимписко злато во борењето, а една мала Македонија има дури пет олимписки медали“, рече олимпискиот шампион Шабан Трстена, по доделувањето на плакетата од Федерацијата на борачките спортови на Македонија по повод јубилеите – 55 години борење во Македонија, 40 години „Македонски бисер“ и 20 години од светската клупска титула на Бучим Радовиш.

55 borenje saban trstena prima nagrada

Тој и порача на малдите борачи дека и тие може да бидат успешни како него само ако го сакаат борењето од срце и сега со помош на МОК и АСМ имаат многу подбри услови, а сали има во секој град и во секое село.

55 borenje - site nagradeeni

Трестена истакна дека често пати луѓето му велеле дека многу лено ги добивал признанијата.

55 borenje Trstena pred site  govori

„Не е лесно! Ми требаа 20 години. Тренирав и ден и ноќ, требаше да се борам со 220 држави (натпреварувачи од толку земји-н.з.) и притоа успеав да ги победам големите сили“, потенцираше Трстена, кој им се заблагодари на тренерите Хајруш Синани, како клупски тренер, и Насе Насев, како селектор.

Ipon.mk/В. Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...