Шабан Трстена ги додели петте оскари

Олимпискиот шампион Шабан Трстена трет пат по ред додели Златни олимписки оскари за личности и институции кои го подржувале во неговата кариера.

Златен олимписки Оскар добија: Ѓорѓи Кузмановски – претседател на Сојузот на спортови на Град Скопје; Антон Серечи – спортски новинар во радио Скопје на албански јазик; Мирослав Наумовски – долгогодишен спортски новинар; Мигена Горенца – главен и одговорен уредник на МТВ на албански јазик и Ванчо Чифлиганец – почесен претседател на Сојузот на боречки спортови.

Трстена заблагодарувајќи им се на сите присутни истакна дека доделувањето на оваа награда ќе прерасне во традиција.

Чифлиганец рече дека Трстена е многу добар пример како е да се биде спортист и дека за него оваа награда претставува поттик за да продолжи да работи уште повеќе за спортот.

Шабан Трстена е роден на 1 јануари 1965 во Скопје. На Олимпијадата во 1984 година во Лос Анџелес доби златен медал во категоријата 52 килограми, додека четири години подоцна на Олимпијадата во Сеул во 1988 години доби сребрениот медал. Освен овие награди, Трстена е добитник на бронзен медал на Светскиот шампионатот во 1982 година, прогласен е Спортист на 20 век во Република Северна Македонија и добитник е на многу други награди.

Фото: Роберт Спасовски

print