Чурлиновски: Репрезентативците се подготвени, секоја победа на „Златниот гонг“ е успех

Селекторот на бокс репрезентацијата Петар Чурлиновски е оптимистички расположен пред утрешните борби на 48. „Златен гонг“ во Скопје. Тој вели дека 10-дневните подоготовки во Штип одлично поминале.

„Боксерите се подготвени да го дадат максимумот. Сите достојно ќе го презентираат македонскиот бокс, а секоја победа е успех за нашите боксери во силната конкуренција на „Гонгот““, вели селекторот Чурлиновски на кого му помагаа тренерите Владимир Цекиќ и Скендер Јахиу.

Полуфиналните борби се утре на програмата со почеток во 17 часот во малата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а финалните се во сабота со почеток во 12 часот.

Македонија на Златниот гонг ќе ја преставуваат:
-52 кг Џан Демиров
-60 кг Јасин Лама
-64 кг Денис Муаремовски
-64 кг Алим Насуфи
-69 кг Гоце Јанески
-69 кг Љулзим Исмаили
-75 кг Октај Фератов
-81 кг Арсим Етеми

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...