Чурлиновски: Арсим Етеми загуби од домашен боксер со помош на судиите (ФОТО)

Арсим Етеми (-81 кг) прикажа добра борба на Меѓународниот Гран при турнир „Словенске Коњице“ во Словенија, но сепак загуби во полуфиналето од домашниот боксер Лука Мојец.

„Етеми во сите три рунди избоскира одлично и сметам дека за нијанса беше подобар од противникот, но судиската одлука беше во корист на домашниот боксер, така што Арсим загуби незаслужено“, вели тренерот на репрезентацијата Петар Чурлиновски.

Чурлиновски вели дека Етеми е добар боксер, така што и во иднина смета на него и очекува добри резултаиот.

На турнирот учествуваат 93 боксери од 15 земји.

Ipon.mk

print