Четири сребра за Феникс кик на „Хереја трофеј“ (ФОТО)

Таеквондо клубот Феникс кик викендов учествуваше на силниот Меѓународен турнир „Хереја трофеј“ во Софија-Бугарија, младите надежи се изборија за четри финалиња и четири сребрени медали.

Медалите ги освоија:
Стефан Димовски пионер -21кг
Лука Ангелов пионер -40 кг

Давид Цеков пионер -52 кг
Марко Грујоски кадет +65 кг.

На овој силен натпревар Лука Ангелов покажа и докажа дека е еден голем талент кој прераснува во врвен борец, а од кој во иднина ќе се очекуваат врвни резултати. Имаше три победи и пораз во финалето“, велат од клубот.

На турнирот учествуваа шест држави: Македонија, Бугарија, Србија, Турција, Грција и Романиа со околу 650 натпреварувачи.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...