Четири медали на Балканското во борење за кадети, Салихаси го имаше златото, но…

На завршниот ден за Балканското првенствои за младинци и кадети, во Панаѓуриште Бугарија, македонските борачи освоија четири медали – по два сребрени и бронзени во кадетска конкуренција.

Сребрени медали освоија Аид Салихаси и Реџеп Хајдари, а бронзени Стефан Штерјов и Мухамед Феруку.

Во екипна конкуренција Македонија го освои третото место.

Аид Салихаси има зашто да жали, бидејќи во последната секунда изгуби 4 поени и остана само со сребро, иако бил убедливо најдобар борач во категоријата.

print