Четири медали за борачките на Безбедност и 7 Мај Леов на Херкул купот во Загреб, а Тамара Игнатовска судеше на овој турнир

 

Нашите борачки освоија четири медали – 3 сребра и 1 бронза на Меѓународниот турнир „Херкул куп“ во Загреб – Хрватска, на кој учествуваа 220 борачи од 6 држави. Судијката Тамара Игнатовска судеше на овој меѓународен турнир.
Олгица Коцева и Бојана Лазаревска од Безбедност освоија сребрени медали, Барбара Стојкоска сребро и Андреа Марковска бронза од 7 Мај Леов од Прилеп.

Од утре Тамара ќе биде дел од судискиот колегиум на турнирот ,,Президент куп” во Белград, Србија.

Да потсетиме дека Тамара е ќерка на поранешниот борач на Рудар од Пробиштип, Сашо Игнатовски, и е актуелна шампионка во борење во слободен стил за сениорки.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...