Четворица борачи на Светското првенство за кадети, Давид Мишев прв ги почнува борбите

Четворица наши борачи од денеска ги почнуваат натпреварите на Светското првенство за кадети во слободен стил кое се одржува во Загреб, Хрватска.

Боите на Македонија ќе ги бранат: Бесир Алили (-45 кг), Аид Салихаси (-51 кг), Филип Тасев (-60 кг) и Давид Мишев (-65 кг).

Денеска прв настапува Давид Мишев против Казахстанецот Бекзат Жалгасов, додека преостанатите тројца борачи ќе се борат утре.

Бесир Алили на Европското првенство за пионери во Скопје го освои сребрениот медал, но тој е еден од најмладите во својата категорија.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...