Челник на РИЗИН: Дана Вајт го сакаше Федор за да може да го уништи

Fedor-skockan

Кога беше објавено дека Федор Емилијаненко се враќа на борбите по тригодишна пауза долго време се калкулираше дали ќе заврши во УФЦ. Многу љубители на слободните борбата очекуваа таков расплет, но, на карајот, Федор пристигна во новата јапонски организација Ризин.

Џери Милен е поранешен подпретседател на Прајд, а сега ја извршува истата функција во Ризин. Овие денови гостуваше на Сабмишн радио,при што ги изнесе своите размислувања за Федор и можноста да заврши во УФЦ.

„Му посакувам се најдобро на Федор. Да биде јасно, јас работам за Ризин, но, го сакам најдоброто за него. Но, искрено мислам дека на УФЦ не е она најдоброто за Федор. Тој не е еден од оние кои поради егото би барал борба со Вердум, Хендерсон или Бигфут, за да им врати на поразите. Тоа не се неговите мотиви. Тој само сака да го почитуваат, а со текот на годините Дана Вајт не го почитуваше се додека не го сакаше во УФЦ. Тогаш се случува тоа дека само се шегувал … Тоа кај Федор не поминува, тоа не проаѓа кај сериозните борци. Борци, кои мора да ги издржуваат своите семејства ќе му го бакнуваат газот на Вајт, но Федор не е во таква позиција. Па, никогаш не го гледам во УФЦ. Мислам дека тоа не е добро за него“, Изјави Џери Милен.

„Што мислите, зошто  Дана Вајт го сакаше Федор? Мислите ли дека е тоа поради фактот дека сака да го направи УФЦ шампион и да го промовираа како голема супер ѕвезда? Не, не го сакаше поради тоа. Го сакаше за да уништи и да рече дека уништил и последниот дел од Парјд, кој не можеше да го има. УФЦ не го сака Федор како шампиони. “

Вондерлеј Силва неодамна се ослободи од обврските кон УФЦ. Иако е под суспензија Спортската комисија на Нева, би можело да се бори во Јапонија.

„Би сакал да го видам во Јапонија. Тој е воин. Вондерлеј Силва е еден од моите омилени борци. Тој во борбата дава се, без оглед на тоа дали губи или победува. Го сакам овој борец и јас би сакал да го видам во Јапонија. Ќе видиме што ќе се случи“.

Кога Силва би се појавил во Ризин, тогаш постои голема можност да го видиме во меч со Федор.

„Мислам дека тоа ќе биде голема борба. Ќе видиме дали можеме да го реализираме тоа, но сигурно тоа ќе биде голема борба која би сакале да ја видите“.

Милен  уште доде дека не е исклучен меч Федор – Брок Леснар.

print

Можеби ќе ви се допадне...