Чаир ја освои дуплата круна во Првата и Младинската бокс лига (ФОТО)

Боксерите на Чаир ја освоија дуплата круна во Првата и Младинската бокс лига на Македонија откако неговите три боксери денеска во Штип во рамките на 6.коло (последно) извојуваа победи во Младинската лига, а на Пинк Пантер имаа две победи и еден пораз.

Чаир шампионската титула во Првата лига, односно за сениори ја освои уште минатото коло во Скопје.

Новинарот Киро Манев од Штипски асови вели: „Единствена е оценката – бокс речиси и да немаше. Имаше надмудрување на двете штипски екипи Пинк Пантер и Баргала, во полза на Чаир. Се чувствуваше и мирис на режија. Од шест борби како што се планираше се одржа само една и тоа меѓу Никола Бубевски-Пинк Пантер и Арсим Етеми. Победи Етеми со 2-1. Другите средби, или беа прекинувани со фрлање пешкир во рингот, или не се одржаа. Се очекуваа интересни борби, но боксерските работници само „зборуваа“ и се„ сликаа“, а на рингот немаше бокс“.


Во сениорска конкуренција – Прва лига и во Младинската лига (кадети и јуниори) шампион е Чаир. Чаир е прв, пред Алеко Огненовски од Охрид и Тернипе. Меѓу младите Чаир ја освои титулата со 7о бодови, пред Пинк Пантер 66 и Баргала 61.

 

Резултати 6.коло Прва и Младинска бокс лига

Кадети
-63 кг Алпај Демиров (Баргала) – Алми Роча (Чаир) 2-0

Јуниори
-64 кг Сезар Алили (Шкендија) – Христијан Тодоровски (Алексо Огненовски) 2-0
-64 Сухејб Имери (Шкупи) – Кире Јаневски (Аперкат) 2-0
-69 кг Елмедин Истрефи (Чаир)Омер Исени (Шкупи) 2-0
-75 кг Октај Фератов (Борец) Ристе Ристов (Пинк Пантер) 20
-81 кг Никола Бубевски (Пинк Пантер) – Арсим Етеми (Чаир) 0-2
-91 кг Петар Шипинкоски (А. Огненовски)- Роберто Ристовски (Пинк Пантер) 0-2

Сениори
-69 кг Љуљзим Исмалили (Чаир) – Даниел Вретовски (Алексо Огненовски) 2-0 
+91 Бојан Ристески (А. Огненовски) – Дејан Ристевски 0-2

 

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...