Цероне подоговен за пресметката против Гаетје (ВИДЕО)

Во Ванкувер се одржа мерењето за УФЦ Фајт најт 158.

Во главната борба на вечерта поранешниот предизвикувач за титулата во лесна категорија Доналд Цероне (38-12-1НЦ, 23-9 УФЦ) се бори со поранешниот шампион на ВСОФ, Џастин Гаетје (20-2, 3-2 УФЦ).

„Каубојот“ е 2-1 откако се врати во лесна категорија. Во последниот настап во јуни беше поразен со технички нокаут од Тони Фергусон. Гаетје по двата последователни порази ги нокаутира Џејмс Вик и Едсон Барбоза.

Поранешниот предизвикувач за појасот во полутешка категорија, 39-годишниот Гловер Тешеира (29-7, 12-5 УФЦ) ќе ги одмери силите со Никита Крилов (26-6, 7-4 УФЦ).

Тешкашот Тод Дафи (9-3, 3-2 УФЦ) се враќа по четиригодишната пауза против Џеф Хјуџис (10-2, 0-1 УФЦ).

Во не рангираните борби ќе настапи поранешниот шампион во М-1 во тешка категорија Марсин Тибура и ќе се бори со Бразилецот Август Сакаи.

УФЦ Ванкувер:

Доналд Церон (70,5)- Џастин Гаетје (70,5)

Гловер Тешеира (92,8) – Никита Кирлов (93,2)

Тод Дафи (110.9) – Џеф Хјуџис (113.9)

Мишел Переира (78) – Тристан Конели (76.9) – Переира бешел со претежок и му предаде 20% од заработката на противникот

Сала Урија (83,5) – Антонио Карлос Жуниор (84,1)

Миша Циркунов (93,2) – Џими Круте (93)

print