Хулио Цезар Чавез Јуниор по долгата пауза се врати со нокаут (ВИДЕО)

Хулио Цезар Чавез Јуниор. (51-3-1-1НЦ, 33 КО) се врати во рингот во Сан Хуан де лос Лагос по 27-месечна пауза.

33-годишниот син на мексиканската легенда го нокаутира во првата рунда Еверт Браво (25-11-1, 19 КО).

Поранешниот светски шампион во средна категорија пред 6 илјади навивачи го заврши 34-годишниот Колумбиец со лево кроше во телото.

print