Хукер: Двјаца починаа минатата недела, не сакав да бидам третиот

Морис Хукер ја загуби светската титула минатиот викенд во Арлингтон, Тексас и го доживеа својот прв пораз во кариерата.

29-годишниот Американец боксуваше во матичната држава во меч за обединување на титулите во полувелтер категорија.

Хукер (26-1-3, 17 КО) во борбата со ВБЦ шампионот Хозе Рамирез (25-0, 17 КО) влезе како светски шампион во ВБО во категоријата до 63,5 килограми.

Хукер имаше броење веќе во првата рунда, но во никој случај не беше нокдаун, очигледно падна затоа што ја загуби рамнотежата.

Крајот дојде во 6-та рунда кога три години помладиот колега го погоди во главата со серија удари и судијата го спаси боксерот од понатамошни повреди.

Хукер, пособено, со обѕир на смртта на двајца боксери минатата недела, Максим Дадашев и Уго Сантилан, е благодарен на судијата за овој потег.

„Првиот нокаунд не влијаеше на мене. Знаев дека морам да го користам само предниот директ. Кога ме имаше на јажињата, всушност ниту еднаш не ме погоди сериозно, затоа што изблокирав сè“.

„Само во дел од скундата го изгубив фокусот. Се борев со предниот директ и го изгубив фокусот. Тоа само ви покажува дека една секунда со врвен борец може да промени сè“.

„Двајца борци починаа минатата недела и не сакав да бидам трет. Судијата ја направи вистинската работа затоа што бев повреден“.

Хукер ја освои ВБО титулата во јуни минатата година, победувајќи го на гостински терен во Британија со поделена одлуката Тери Фланаган. Ова беше трета одбрана на појасот.

print