Христијан Чолески и Давид Крстески меѓу најперспективните спортисти во Охрид

Стрелачката Нина Балабан е избрана за спортист на годината во Охрид за 2016 година, како учесник на Олимписките игри во Рио минатата година, од страна на Сојузот на спортови на град Охрид.

Христијан Чолески (бразилско џиу џицу) и Давид Крстески (таеквондо/фудбал) се прогалсени за најперспективни спортисти со други врсници од останатите спортови.

Младиот Христијан Чолески се заблагодари на спортската јавност и доделувањето на наградата.

„Јас се натпреварувам во бразилско џиу џицу. Годинава се надевам да победам секаде каде што ќе се натпреварувам“, изјави Чолески.

Посебна награда постхумно и се додели на проф. Влатко Димитров и на Александар Леко Радиќ.

Наградата за животно дело годинава му припадна на Миодраг Христовски.

Кошаркаркиот клуб АВ Охрид и Ракометниот клуб Охрид се прогласени за најдобри клубови.

Во категоријата најперспективни спортисти наградени беа Давид Крстески (теквондо/фудбал), Христијан Чолески (бразилско џиу џицу), Мартина Патчев (кајак), Викторија Алексиеска (ракомет), Јана Маркоска (стрелаштво), Мартин Иваноски (ракомет), Кристина Мојсоска (фудбал) и Јована Кецкарова (тенис).

Посебно признание доби ОФС Охрид за 40 години успешна работа.

Како најуспешни спортисти на годината се: Славчо Миречски и Мартина Мироска (атлетика), Крсте Андоновски (ракомет), Едмонд Хоџа (фудбал), а најдобар тренер е Петар Чочороски.

print