Хрговиќ спарираше со Кро Кап (ВИДЕО)

Надежниот хрватски тешкаш Филип Хрговиќ го посети Мирко Филиповиќ во неговата сала во Загреб.

27-годишниот боксер тренираше и правеше лесни спаринзи со 18-годишни постарата пензионирана ММА и кик бокс ѕвезда.

„Вечерниот тренинг е одработе во во одлично друштво! Му благодарам на Мирко Филиповиќ за поканата! “, објави Хрговиќ со фотографијата од тренингот.

Jednostavno ne možeš pobjediti Mirka Cro Cop Filipovića! 😂👏🏼You just can’t beat Mirko Cro Cop! #GeniKameni #beastmode #hardwork #boxing #mma #HF

Posted by Filip Hrgović on 2019 m. spalio 11 d., penktadienis

Следната борба Хрговиќ треба да ја има на 7 декември во Саудиска Арабија во воведниот дел на настанот Џошуа – Руиз 2.

print