Храбра борба на Марко Тодоров на ЕП, Синиша Милошевиќ совладан од Мантила

Синиша Милошевиќ и Марко Тодоров се поразени во првите средби на Европското кик бокс првенство за деца, кадети и јуниори во Гиор – Унгарија.

Марко Тодоров денеска загуби од Максимус Бејенута од Романија на поени 0-3, но прикажал многу добра борба, додека Синиша Милошевиќ е поразен со прекин од Хравтот Марко Мантила.

„Браво за Марко Тодоров. Иако изгуби борба од многу искусен борец од Молдавија, сепак е победник за мене, бидејќи храбро се бореше сите три рунди. Достојно ја престави Македонија на Европско првенство во Унгарија“, напиша тренерот Тони Стојановски на Фејсбук.

Останатите натпреварувачи настапуваат утре на ЕП, на кое има 1991 натпреварувач од 42 земји.

Резултати
-60 кг К1 јуниори
Марко Тодоров  – Максимус Бејенута (Романија) 0-3
-63 кг КЛ јуниори
Синиша Милошевиќ – Марко Дорен Мантила (Хрватска) 0-3 со прекин

-60 кг К1 млади јуниори
Миа Тодорова – Јаона Султаника (Грција) во финале со Вероника Сураева (Русија)
-57 кг КЛ постари кадети
Борјан Трајков – Матеј Власак (Чешка)
– 69 кг КЛ јуниори
Милан Милошевиќ – Лук Кронин (Ирска)
Ipon.mk

print