Хонг Ман Чои нокаутиран за 45 секунди (ВИДЕО)

Корејскиот џин Хонг Ман Чои се врати во борилиштето на АФЦ 12 – Херој на појасот (AFC 12 – Hero of the Belt) во Сеул.

Високиот „Техно Голијат“, 218 сантиметри и 150 килограми тежок, се бореше против 195 сантиметри и 110 килограми тешкиот Давид Михајлов.

Михајлов успеа да го нокаутира 38-годишниот Кореец со серија крошеа за само 45 секунди.

Михајлов во текот на кариерата се бореше за многу романски промоции, а Чои последниот кик бокс меч го направи во ноември минатата година. Тоа беше егзибициски меч против Ји Лонг, а претходно изгуби четири борби.

Без победа е во кик бокс борбите од 2007 година, но во краток рок од две години, додека беше на врвот, успеа да ги победи Џером Ле Банер, Семи Шилт (со поделена одлука), Каоклаи, Гери Гудриџ и Мојати Мо.

print