Холи Холм е подготвена повторно да го шокира светот

Боксерската легенда Холи Холм и поранешна шампионка на УФЦ во петел категорија е подготвена повторно да го шокира светот и да си го врати појасот. Оваа сабота ќе се бори со суперѕвездата Аманда Нунес. Јужноамериканката е огромен фаворит кај букмејкерите, откако во претходниот меч ја прегази непоразената Крис Киборг.

Холм веќе има позитивно искуство како аутсајдер. Таа ја прекина неверојатната серија на Ронда Раузи, па дури и ја нокаутира.

„Навистина верувам дека можам да го направам тоа. Ако победам, за мене нема да е шок. Но се надевам да ќе ги шокирам луѓето кои не веруваат. Аманда има моќ. Ни го покажа тоа не само во мечот со Киборг. Но, не сум Киборг, не сум Шевченко, не сум Тејт. Јас сум Холи Холм“, рече Холм.

print