Хамза Јашари петти на Европскиот куп во Копер (ФОТО)

На Европскиот џудо куп за кадети во Копер – Словенија, нашиот репрезентативец Хамза Јашари (-66 кг) го освои петото место.

Јашари во првото коло го совлада Франческо Карџенлути од Италија со еден вазари, потоа и неговиот сонародник Луиџи Кентракио со вазари и ипон, но затоа третиот Италијанец Кристијано Гримаудо во полуфиналето го победи со казнен поен. Во борбата за третото место Јашари загуби со ипон од Давид Иванијан од Данска.

Арбреша Реџепи (-52 кг) во првото коло е поразена од Јелниоја Монако од Италија со вазари и ипон. И во репасажот Реџепи загуби, но сега од Унгарката Тимеа Кардош со ипон. Сепак, нејзиниот тренер Горан Мицкоски вели дека Арбреша воопшто не настапила во репасажот поради повредата која ја здоби на Светското јуниорско првенство во Загреб и која пак се обновила. Поради тоа и во првата борба него дала максимумот.

Утре ќе се бори и Еди Шерифовски (-73 кг).

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...