Херн: Џошуа ќе одлучи каде ќе се одржи реваншот, а не Руиз

Еди Херн јасно стави до знаење дека Ентони Џошуа ќе одлучи каде ќе се одржи реваншот со Енди Руиз.

Руиз во неколку наврати повтори дека сака вториот меч со Британецот да се одржи во САД или Мексико и додаде дека сега тој е А-страна во преговорите и неговиот збор би требало да се слуша.

Херн само го потсети дека тоа не е така, бидејќи има потпишано договор.

Руиз, кој го замени Џарел Милер по падот на допинг-тестот, минатиот месец го победи Џошуа со технички нокаут во седмата рунда и му ги зеде ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО појасите.

Во договорот постоеше клаузула за реванш која Џошуа ја активира по поразот, така што кога Руиз го потпиша првиот договор веќе беа конкретизирани и некои работи за можната втора борба.

„Енди Руиз е чесен и одлично момче. Тој знае што потпишал и тоа што го потпиша не е нечесно. Тој има договорни обврски кои сега мора да ги исполни. Енди Руиз беше избран меѓу многу луѓе, бидејќи верувавме дека тој ќе биде најдобриот противник за Ентони Џошуа и бевме во право“, изјави Херн за ТВ ИФЛ.

„Во договорот предвидува дека ако победи, постојат низа услови на кои треба да се придржува. Ова е стандардна практика. Не се работи така да се каже: Тоа не е во ред, тој сега е А-страна. Двете страни се согласија на тоа пред првата борба. Тоа испреговарно и договорено. Џошуа ќе биде тој кој на крајот ќе одлучи каде ќе се одржи борбата“.

Херн додаде е дека најизгледен датум за реваншот е 14 декември во Кардиф.

print