Херн: Џошуа и Вајлдер ќе се сретнат во октомври или во ноември!

Средбата меѓу Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер може да се одржи на стадионот Вембли во Лондон.

Според менаџерот на Вајлдер, Шели Финкел, непобениот шампион на ВБЦ се согласил да се соочи со Џошуа во Велика Британија, каде што на последните три средби на Џошуа имаше најмалку по 78-илјадна публика.

Неговата средба со Владимир Кличко привлече 90 000 луѓе во почетокот на минатата година.

Веројатно е дека средбата меѓу Џошуа и Вајлдер повторно ќе го распродаде капцитетот на стадионот. Херн вели:

„Ја гледаме средбата на Вембли и немаме многу избор. Се разбира, треба да ги земеме предвид американските телевизии. Ќе зборуваме со нив за датумот. Има уште на што да се работи“.

„Мислам дека Вембли е местото каде што сака Џошуа да се одржи средбата. Битката со Владимир Кличко беше феноменална. Џошуа стадионот го чувствува како дом“.

Херн првично мислеше средбата да се одржи во септември.

Откако стана јасно дека Канело Алварез ќе се бори на 15 септември, веројатно против Генади Головкин, Херн размислува настанот да го помести за октомври или ноември.

„Првично мислевме да го организираме настанот на средината на септември. Но средбата на Канело, која ќе се одржи на 15-ти, малку ги комплицира работите со американските телевизии. Одложувањето што го имавме поради Вајлдер исто така ќе ни попречи да организираме средба за тогаш. Ако ја правиме средбата пред дуелот со Поветкин, ќе биде во октомври или во ноември“.

Ако не се сретне со Вајлдер на следната средба, Џошуа ќе ја брани WBA титулата против Поветкин. Од друга страна, Вајлдер не треба да ја брани ВБЦ титулата ако сака да се соочи со Џошуа.

print

Можеби ќе ви се допадне...