Хенбо со аикидо демонстрација на „Мечот што дарува живот“ во Бугарија (ФОТО)

Nenbo BG 6

Изминатата сабота (28.01), во Костинброд, Бугарија, се одржа четвртиот по ред Фестивал на боречките вештини „Мечот што дарува живот“ на кој учествуваше и скопскиот Аикидо клуб Хенбо.

Henbo demonstracija Bg 1

Нашиот клуб беше поканет да прикаже демонстрација на боречката вештина аикидо, која ја изведоа Дамјан Цингарски, Владо Стојановски и Марија Дојчиновска. Тие направија осумминутно „ембукаи“ (демонстрација на вештината), во кое, со прикажување на бројни техники за самоодбрана од различни напади, го претставија нивото на својот клуб.

Henbo BG 5

„Бевме поканети и минатата година, но поради полниот календар не можевме да одвоиме време. Оваа година учествувавме и се надевам дека направивме интересна демонстрација и дека оставивме добар впечаток, затоа што по завршувањето на фестивалот повторно бевме поканети и за следниот фестивал во 2018 година”, вели Дамјан Цингарски, учител во клубот Хенбо, носител на 3.дан мајсторски степен, додавјќи дека на фестивалот учествувале повеќе клубови од различни боречки вештини од цела Бугарија, а за прв пат учесник имаше и од Македонија, што на фестивалот му даде меѓународен карактер.

Henbo BG 3

Во рамки на фестивалот е одржана и работилница за јапонска икебана, предводена од сенсеи Едуард Германов, претседател на Бугарската аикидо асоцијација. Германов со кратка демонстрација го отвори фестивалот.

Henbo BG 4

Нашиот претставник на овој настан, Аикидо клубот Хенбо од Скопје е членка на Македонската Аикидо федерација – Аикикаи Македонија.

Henbo BG 2

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...