Хенбо семинар со мајсторите Реџепагиќ и Миленковиќ

Henbo seminar cingarski 7.11.2015

Викендов во Скопје се одржа аикидо семинар во организација на клубот Хенбо. Овој традиционален клупски семинар што вообичаено го води учителот Дамјан Цингарски, овој пат беше збогатен со предавањата на уште дваjца мајстори од странство, Самир Реџепагиќ од Базел, Швајцарија, и Војкан Миленковиќ од Вршац, Србија.

Henbo seminar 2 7.11.2015

На семинарот се обработуваа техники карактеристични за основните аикидо принципи, со голем број на варијации и комбинирани напади.

„Клубот Хенбо започна со ваква серија на тематски аикидо семинари во 2011 година и од ваквиот пристап имаше големи резултати кај напредокот на учесниците. Стекнатите знаења и искуството од овој семинар се од голема полза на сите кои учествуваа, бидејќи предавачите се со долгогодишно искуство и имаат несебична желба да го предаваат своето знаење. Ваквите можности да се проследат квалитетни подучувања се исто така и можност да се вежба со аикидоки од други клубови, што, како замена за натпревари, е еден вид проверка на личниот напредок кај секој поединец“, истакна Дамјан Цингарски.

Henbo seminar 7.11.2015

 Покрај уесниците-членови на клубот Хенбо, на овој семинар земаа учество и членови на други клубови од Македонија, а и од Бугарија, така што семинарот доби белег на меѓународен.

 ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...