Хва ранг ИТФ ќе учествува на најсилниот турнир „Бугарија опен 2016“

hva-rang-itf-so-celnicite-na-itf-vo-slovenija

Теквондо клубот Хва ранг ИТФ Лескоец-Охрид викендов ќе учествува на најсилниот меѓународен итф турнир „Бугарија опен 2016“ во Пловдив.

Тренерот на Хва ранг ИТФ, Марјанчо Лазаревски, вели дека ова е еден од најпрестижните турнири во Југоисточна Европа и пошироко, на кој што учесниците на турнирот ги избираат своите репрезентации за идната година,

На турнирот натпреварувачите на Хва ранго ИТФ ќе настапат во поединечна и екипна конкуренција кадети-мажи до 14 години и сениори-мажки. На турнирот натпреварите се само во борби.

„Се надеваме дека и овој пат нашите претсатвници ќе не престават во најубаво издание и ќе направат да се чувствуваме горди“, истакнува Лазаревски.

Ipon.mk/В.Д.

print