Хва ранг ИТФ освои седум медали на „Љубљана опен 2019“

Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид на Меѓународниот таеквондо турнир А класа  „17 Љубљана опен“, Словенија, освои 7 медали – 2 златни, 1 сребрен и 4 бронзени.

Медалите се  во две дисциплини форми (тул) и борби (спаринг).

Освојувачи на медали се:

Стефан Каланоски (-63 кг) – два златни- борби, јуниори 16-17 год -63кг  и форми јуниори, син појас;

Давид Велковски (– 69 кг) –сребрен – борби, јуниори 16-17 год.;

Хриситјан Митрески (+75 кг) –бронза – борби, јуниори 16-17 год.;

Марио Кртески (-50 кг) – бронза – борби, кадети 12-13 год. ;

Елена Јанеска (+55 кг) – две бронзи борби кадетки 12-13 год  и форми, зелен појас.

„Најдобар наш поединец на овој турнир беше Стефан Каланоски, додека Божидар Димитриевиќ не успеа да дојде до медал. Сепак , ова беше само добро загревање за главниот турнир за пролетната сезона  „Гран призворник 2019“ кој ќе се одржи на 25 мај во Босна и Херцеговина, каде што ќе учествуваме со повеќе натпреварувачи“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.

Ipon.mk

print