Харитонов со техничка одлука ја доби првата од двете борби за 7 дена (ВИДЕО)

Сергеј Харитонов (29-7) победи во првата од двете закажани борби следните недела дена.

37-годишен Русин на М-1 Челинџ во Санк Петербург со одлука на судиите го победи сонародинкот Антон Вјазигин (9-3).

Мечот е прекинат поради повредата на окото на Харитонов која настана отако доби прст во окото на почетокот на втората рунда. Одлуката беше донесена на судски картички. Откако беше подобар во првата рунда, судиите победата му ја доделија на Харитонов, кој беше видно незадоволен од начинот на кој ја заврши борбата.

Многу брзо се враќа во акција. Ако сѐ биде во ред со окото, на 30 мај, по речиси четири години, повторно ќе се бори во кик боксот. Во Москва во рингот влегува со Белгианецот Фредерик Синистр.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...