Хант последната борба од договорот за УФЦ ќе ја одработи во Аделаида

УФЦ му ја исполни желбата на Марк Хант (13-13-1, 8-7-1 УФЦ) за настап нанастанот во Аделаида на 1 декември.

„Супер Самоанецот“ ќе се бори против Џастин Вилис (7-1, 3-0 УФЦ). 31-годишниот Американец единствениот пораз го доживеа во професионалното деби во 2012 година. Во УФЦ е 3-0 со победите против Џејмс Мулерон, Ален Кроудер и Чејс Шерман.

На Хант ова му е последна борба во УФЦ. Дана Вајт изјави дека е заинтересирана за продолжување на соработката, но Новзеландецот не е сигурен дали сака да го продолжи договорот со работодавецот со кого е на суд за случајот Леснар.

На првиот УФЦ настан во Русија пред десет дена Хант беше поразен со сабмишн во првата рунда од Алексеј Олејник.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...