Хант го менува Вердум во главната борба на настанот во Москва

Марк Хант (13-12-1, 8-6-1 УФЦ) ќе го замени Фабрицио Вердум во главната борба на УФЦ-от настан во Русија.

44-годишниот Новзеландец ќе се бори против Алексеј Олеиник (56-11-1, 5-2 УФЦ) на 15 септември во Москва, објавија повеќе извори.

Хант ја изгуби својата последна борба во февруари во Перт со едногласна одлука од Кертис Блајдес. Има една победа во последните четири меча (два порази и една без одлука против Брок Леснар, а го победи со технички нокаут Дерик Луис).

Вердум беше тргнат од настанот откако УСАДА објави дека е позитивен на допинг-тестот.

print

Можеби ќе ви се допадне...