Хамза Јашари: Мојот сон е како на секој вистински спортист – медал од Олимписките игри! (ФОТО)

Хамза Јашари (-66 кг) изминатиов викенд го освои историскиот златен медал за Македонија на еден Европски џудо куп за кадети. Јашари триумфираше на Европскиот куп во Гиор во Унгарија по пет одлични борби.

Јашари во финалето го совлада Матео Цук од Германија со вазари, а до финалето стигна со победите над Гергели Габор од Романија со вазри и ипон, со два вазарија и ипон против Германецот Дан Матушовиц, со вазари и ипон го порази Шандор Оскаи од Унгарија и во полуфиналето славепе против Италијанецот Луиги Чентракио со два взари и ипон.

Ова до сега е еден од најдобрите резултати на македонското џудо. Дали се надеваше дека токму во Унгарија ќе експлодираш, ако се имаат во предвид претходните настапи?

-Бев многу мотивиран да освојам медал и чувствував дека сум многу добро физички подготвен. Мислам дека беше само прашање на време кога ќе се случи. Имав доста натпревари оваа година, но мислам дека овој пат добро беше тоа што во Гиор пристигнавме два дена пред борбите и имав време да се адаптирам. А секако, пресудно беше присуството на мојот тренер кој одлично ме познава и се погрижи да бидам фокусиран и подготвен од првата до последната борба.

Од сега па натаму противниците на тебе ќе гледаат со респект и со поголема доза на претпазливост и подготвеност. Што очекуваш во кариерата која доправа следува?

-Ова е круна на мојата досегашна кариера, но сигурно нема да застанам тука. Следуваат многу натпревари во 2018 година и се надевам на добри резултати.

Кој е твојот џудо сон? Односно, дали во иднина може да се надеваме и на сениорски медал од големите светски натпреварувања?

-Мојот сон не се разликува од оној на секој вистински спортист а тоа е медал од Олимписки игри.

Зошто медалот му го посвети на тренерот Игор Паскоски?

-Медалот го посветив на мојот тренер Игор Паскоски затоа што навистина веруваше во мене. Во изминативе три години се погрижи значително да го надградам своето знаење. Почнав да применувам многу нови техники,  а го променив и стилот на борба.

Што е потребно да се стигне до врни резултати?

-Врвни резултати можат да се постигнат со редовни тренинзи, упорност и самодоверба. Тоа се најважните нешта за да се успее. Спортистот треба да го даде својот максимум а останатото зависи од тренажниот процес, поддршката и финансиите.

Игор Паскоски – тренер на Хамза Јашари во ЏК Миоки

„Беше подготвен и беше прашање на време кога ќе освои медал. Добро е што првиот медал е златен. Стручњаците беа изненадени, посебно од неговата борба во полуфиналето, бидејќи се бореше со третопласираниот од Светското првенство. Коментарите беа дека Италијанецот е многу подготвен. Но по она што го прикажа во текот на борбата од гледалиштето да велат гледајте што работи Македонецот“, истакнува Паскоски, додавајќи дека голема заслуга во неговата надградба има стручњакот на ИЏФ, Габриел Сапта, кој е во Македонија со помош на МОК.

Паскоски посочува дека домаѓните се нашле во небрано кога Јашари го освоил првото место, затоа што ја немале македонската химна. Потоа еден организаторите му пришол на Игор и на мобилен ја побарале нашата химна за да се интонира при свеченото доделување на медалите.

Честитки з ауспехот стигнале од спортскиот директор на ЕЏУ Кристина Родригез и пртеседателот на Унгарската џудо федерација Ласло Тот.

Ipon.mk/В.Д.

 

print

Можеби ќе ви се допадне...