Хадис Рамадани: Ова ми е 11 борба и очекувам 11 победа!

Хадис Рамадани на 29 сeптември ќе се обиде да го сочува епитетот на непобедлив кикбоксер на швајцарскиот ринг во мечот со Леонардо Плукино од Италија. Тие ќе сретнат на Фајт најт настанот на ВКУ – Швајцарија.

Нашиот кик боксер досега има скор 10-0 за оваа прмоција.

„Во сабота на 29 септември се борам против Леонардо Плукино кој има 15 профи борби со 4 изгубени средби. Очекувам добра борба, бидејќи максимално се подготвив. Ова ми е 11 борба и очекувам 11 победа“, вели Рамадани за Ipon.mk.

Хадис не знае каде се точно ќе настапува до крајот на годината, но истакнува дека има добри понуди.

„Сепак, прво да ја завршам борбата на 29-ти, па потоа ќе видеме…“, истакна Хадис.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...