Хабиб: Ќе има реванш со Конор Мек Грегор, само ако извојува 10 победи

Непоразениот шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов е подготвен да се бори против својот голем противник Конор Мек Грегор, но само доколку Ирецот постигне 10 победи. Во моментов, непоразениот дагестански борец преговара зсоУФЦ за неговата следна борба, што ќе се одржи во март или април 2020 година.

Шампионот е подготвен повторно да се бори во Вегас, но сака Комисијата на Невада да му се извини или да му ги врати парите. Претходно оваа година, Атлетската комисија му изрече сериозна парична казна, затоа што по борбата со Мек Грегор минатиот октомври, непоразениот борец ја прескокна оградата на кафезот и направи мешаница со Дилон Данис.

„Орелот“ беше непоколеблив дека никогаш повеќе нема да се бори во градот на гревот, но се премисли и сега сака извинување или парите што му ги зедоа да му ги вратат.

„Во моментов преговараме за средба со Фергусон. Сакаат во март да се борам со него во Вегас. Ќе се борам повторно во Лас Вегас, но само ако Атлетската комисија на Невада се извини за она што се случи и за казните. Ќе одам таму, но само ако се извинат.

Ако не го сторат тоа, тогаш ќе избереме друго место. Ќе се борам во март во Вегас, но ако тие се извинат или ми ги вратат парите. Инаку останува април во Њујорк. Овие се моите услови. Да, ќе му дадам реванш шанса на Конор Мек Грегор, но ќе му треба серија од 10 победи“, рече пред фановите во Москва Хабиб за неговите планови и за Мек Грегор.

.

print