Хабиб ја продаде маичката на Пориер и му ги испрати парите

Хабиб Нурмагомедов и Дастин Пориер разменија маички по нивната борба во Абу Даби, што заврши со победа за Орелот. Тогаш непоразениот шампион во кафезот рече дека ќе ја даде маичката на аукција и ќе му испрати пари за да и помогне на добротворната фондација.

Една недела подоцна, Хабиб веќе ја продаде маицата на својот противник, а татко му Абдулманап на социјалните мрежи изјави дека маицата се продала по многу висока цена, но не сакале да ја откријат. Неколку часа подоцна, Пориер го потврди ова и му се заблагодари на Хабиб што си го одржа зборот и му префрлил добиената сума.

„Абдулманап Нурмагомедов: Ја продадовме маицата на Пориер, по прилично висока цена.

Дастин Пориер: Хабиб, ти благодарам за дарежливиот придонес и за одржуањето на твојот збор. Вашиот придонес ќе и помогне на толку многу луѓе!“

https://www.instagram.com/p/B2W0MTinUqQ/?utm_source=ig_embed
print