Хабиб: Тони Фергусон нека дојде, ако сака борба

Хабиб Нурмагомедов против кого ќе ја брани титулата, иако на УФЦ 242 во септември во Абу Даби ќе се бори против Дастин Поиер, тој е подготвен да се пресмета и со Тони Фергусон.

„Се разбира дека сакам борба со Фергусон. Никогаш не сум избирал противници и нема да го сторам тоа. Во моментов сум во одлична форма и здравје. Уште сум непоразен и ја држам титулата. Ако Фергусон сака борба, тогаш нека дојде. Не ми е гајле дали е Пориер или Фергусон, затоа што сум подготвен за секого.

Несомнено, веќе не сум млад во овој спорт. Подготвен сум да направам уште неколку битки. Сè уште чувствувам оган во мене. Сакам да се борам со најдобрите, за да ги покажам моите вештини. Времето ќе покаже. Сега не можам да давам изјави, затоа што сум фокусиран на следната борба“.

Хабиб и Тони требаше четири пати да се борат, но повредите не го дозволија тоа. „Орелот“ е подготвен да му даде на Тони петта шанса, бидејќи шампионот не ги избира противниците и е подготвен за сите нив.

print