Хабиб со рекордна заработувачка во УФЦ

Борецот на ММА, Хабиб Нурмагомедов ја одбрани титулата во лесна категорија на УФЦ, откако го совлада Американецот Дастин Пориер.  Денес  стана извесно дека колкав хонорар заработил Дагестанецот во Абу Даби.

Нурмагомедов заработи 6 милиони долари само за борбата, но доби уште 50.000 долари за најдобра изведба на вечерта и 40.000 долари за учество во медиумски настани.

Износот ќе се зголеми дури и откако ќе бидат распределени телевизиските права.

Надоместокот од 6 милиони долари е рекорден во историјата на УФЦ. Поразениот Пориер освои само 290.000 долари.

print