Хабиб: Почнувам да го мразам тој спорт во кој се претепуваме

Хабиб Нурмагомедов е шокиран од смртта на неговиот сонародник Максим Дадашев, кој пред неколку дена го напушти овоземскиот свет по тешките повреди на мозокот што ги доби од противникот Суриел Матијас. Дадашев го напушти овој свет на само 28 години, а легендарниот шампион на УФЦ одлучи да го сподели своето гледиште за боречките спортови и неговиот сонародник.

„Овој случај повторно покажува дека спортот не е најважното нешто. Постојат работи кои се многу поважни. Секој пат кога гледам такви вести, почнувам да го мразам тој спорт во кој сме. Сè е привремено: слава, пари, наслови и нашите животи.

Ние сите ќе го напуштиме овој свет и никој нема да остане. Тоа е вредно да се размислува. Трпение за семејството и роднините на Максим. Прави добро, и така Севишниот ќе не награди и ќе ги поедностави нашите грешки во следниот живот“, изјави Хабиб.

print