Хабиб почна да се подготвува за Фергусон во ледените води на Дагестан (ВИДЕО)

Непоразениот шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов почна да се подготвува за следната одбрана на титулата. Се очекува да се бори против Тони Фергусон на почетокот на 2020 година и се шпекулира дека тоа ќе биде во Њујорк. „Орелот“ е во родниот Дагестан во Кизилурт реши да се нурне во ледените води и да плива низводно иако водата го носи, но тој не се откажува.

Видеото го постави еден негов пријател на социјалните мрежи и стана хит меѓу фановите.

„Денес беше многу студено, но Хабиб не се грижеше. Водата беше прилично студена, ги натопив нозете во неа и скоро замрзнав. Фергусон е во неволја“.

Борбата меѓу нив не успеа четир пати и сега УФЦ ќе се обиде да ја организира по 5-ти пат. И двајцата се во серија од 12 последователни победи и ова е најочекуваната битка во историјата на лесна категорија.

print