Хабиб Нурмагомедов: УФЦ ќе му ја одземе титулата на Конор Мек Грегор

Хабиб Нурмагомедов беше во Бостон за да го поддржи својот пријател Ислам Махачев, кој денеска со нокаут го победи Глејсон Тибо. Хабиб Нурмагомедов рече дека нема да се бори против Тони Фергусон за привремениот појас, за кој вели дека е лажен.

Еве што рече:

„Тони се уште е привремен шампион, не сакам да се борам за привремени титули. Кога ќе се борам, тоа ќе биде за вистинската титула. Сакам да се борам за вистинска титула, не ми треба лажна.

Тие веќе му го одземаа појасот на Конор Мек Грегор, се разбира дека ќе го земат другиот.

Мојот план е да го победам Тони, а потоа, ако сакам УФЦ сакаат да се борам со Мек Грегор, тој ќе мора да си го заслужи тоа. Тоа е мојот план“.

print

Можеби ќе ви се допадне...