Хабиб Нурмагомедов: Само Даниел Кормиер може да го сопре Блајдес

Картис Блајдес успеа сите да ги импресионира со своето претставување на УФЦ 225 против легендата Алистер Оверем. Блајдес успеа брутално да го нокаутира и веќе сите се прашуваат кој може да го запре? Шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедовзнае кој може да го сопре Блајдес.

„Според мене, Блајдес може да стане шампион во тешка категорија на УФЦ. Тој е млад, и гладен за успеси, силен е и поседува добри вештини. Тој е новата крв во тешка категорија и мислам дека има само еден борец кој може да го запре, а тоа е Даниел Кормиер. Сите останати, вклучувајќи го и Стипе Миочиќ, нема да можат. Лош противник е за Стипе Миочиќ, затоа притиска цело време и има многу добра борба. Ќе видиме што ќе се случи по УФЦ 226, но за мене Блајдес од повеќемина заслужува да се бори за титулата“, вели Нурмагомедов.

print

Можеби ќе ви се допадне...