Хабиб Нурмагомедов сака борба со Фергусон, а потоа и со Жорж Сент Пјер

Хабиб Нурмагомедов е подготвен за идните планови. Непоразениот шампион во лесна категорија сака да им подари на фановите битка што ја сакаат со години. Во следната борба Дагестанецот сака да го брани појасот против Тони Фергусон и потоа да се тестира против легендарниот поранешен шампион во две различни категории, Жорж Сент Пјер.

Ризван Магомедов, кој е еден од менаџерите на „Орелот“, се одважи да зборува за тоа што е следно за неговиот борец и сподели дека нивната главна цел е Фергусон:

„Нашиот противник дефинитивно е Тони Фергусон. Нема друго име што го заслужува тоа. Сакавме да се бориме со Сент Пјер, но тој не се разбрал со УФЦ. Поради оваа причина, Тони е следниот. Сè уште не може да се каже дека е 100 отсто, затоа што договорите треба да бидат потпишани.

Ако УФЦ се договори со Сент Пјер, тогаш ќе се бориме со него, но по мечот со Тони. Во моментов не сме заинтересирани за Мек Грегор. Веќе ги кажавме нашите услови за таква борба.

Тој мора да се бори против другите и да победи. Мора да покаже дека вреди. Ќе добие реванш, но само ако ги исполни условите. Не постои начин да се добие реванш само со зборување глупости“.

https://www.instagram.com/p/B5Bf05kp5Tz/?utm_source=ig_embed
print