Хабиб Нурмагомедов е најуспешниот спортист во Русија

Минатата година најуспешна во кариерата на Хабиб Нурмагомедов, затоа што во април ја освои титулата во лесна категорија, а потоа го порази Конор Мек Грегор во октомври, со тоа се вивна до врвот на славата. Според магазинот Форбс, Хабиб Нурмагомедов е најуспешниот спортист во Русија во изминатата година и заработил 11,5 милиони долари од борбата со Мек Грегор.

„Орелот“ е исто така број 1 во рангирањето на 40-те најуспешни спортисти во Русија на возраст под 40 години.

Лично, претседателот на организацијата му честиташе на социјалните мрежи за овие достигнувања:

Неодамна Кабиб потпиша нов договор со УФЦ и неговиот менаџер Абдел Азиз го прогласи за најплатен во организацијата. Нурмагомедов се враќа во септември, за да ја брани титулата против Дастин Пориер во Абу Даби.

print