Хабиб Нурмагомедов го мерка за пресметка Едсон Барбоса во декември

Хабиб Нурмагомедов има намера да се сретне со Едсон Барбоса кон крајот на годината. Ова го изјави таткото и тренер на борецот, Абдулманам Нурмагомедов.

„Се интересираме за четворицата противници – Мек Грегор, Фергусон, Дијаз и Барбоса. Веројатно Хабиб ќе ја добие најлошата варијанта – Барбоса. Мек Грегор не сака да се бори со нас, а за Фергусон нема смисла за таква битка.

Барбоса е подобро од ништо. Тој е сериозен натпреварувач, не помалку популарен од Кевин Ли, и е четврти во лигата. Неговиот дуел со Хабиб може да привлече многу фанови.

Јас сум скоро сигурен дека следниот противник на Хабиб ќе биде Барбоса во декември, а помалку е веројатно дека ќе биде една од другите варијанти“.

Последниот дуел на Хабиб беше на УФЦ 205 минатата година, кога го победи Мајкл Џонсон.

print

Можеби ќе ви се допадне...