Хабиб Нурмагомедов: Борбата со Тони е најважната во историјата на УФЦ (ВИДЕО)

Остануваат уште четири недели до една од најголемите битки во историјата на лесната категорија на УФЦ. По четврти пат ќе се обидат да го натерат Хабиб Нурмагомедов да се сретне со Тони Фергусон. Борбата ќе биде за неоспорната титула во лесна категорија, а навивачи го држат здивот и се надеваат дека средбата на крај ќе се случи.

Еве што рече Хабиб во неговото последно интервју:

„Рангирањето е важно за УФЦ, но тоа не значи ништо за мене. Многу е важно да победам и да го покажам најдоброто. Ова е најважното нешто за мене и не ми е гајле за рангирањето. Има уште 4 недели додека да се случи битката и неоспорната титула, ќе се борам против силен противник. 10 последователни победи против 9 последователни победи никогаш немале такво нешто во историјата на УФЦ. Ова ќе биде добра борба за навивачите, а за оној кој ќе стане шампион, исто така, од УФЦ ќе заработи многу пари. Секој ќе биде многу среќен и ова ќе биде најважната борба во историјата на УФЦ. Тоа не е појасот на Конор, бидејќи тој не се борел две години, ниту пак е појасот на Тони, бидејќи тој е привремен првак. Нема да се борам за лажни појаси, ќе се борам за вистински, а тоа ме мотивира. Пет рунди ќе го направам да изгледаат лесно. Требаше да се бориме три пати. Луѓето ќе говорат и ќе кажуваат: „Никој не го сторил тоа со Тони Фергусон“.

Ќе го направам тоа со Тони што го направив со Мајкл Џонсон, Рафаел дос Анхош и Едсон Барбоза.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...